Хибридниот Countryman достапен и за македонскиот пазар

Во салонот на М Кар пристигна новата plug-in изведба на популарниот Countryman, кој ни доаѓа со погон на сите четири тркала и комбинирана моќност од 224 КС

Како освежување во асортиманот на британскиот автомобилски производител, новиот Countryman SE претставува plug-in модел, кој со својот надоврешен и внатрешен дизајн, навистина се издвојува од конкурентите. Како модел за 2019 година, овој Mini доаѓа со многу новитети, кои може да се препознаат во преработената трим структура, променетата стандардна и опционална достапност во поглед на опремата, како и новите материјали со повисок квалитет кои изобилуваат по ентериерот.

Кога сме веќе кај внатрешноста, може да се забележи дека британците сеуште се држат до кружната стилска форма, која се забележува кај 8,8 инчниот централен екран, контролите за климатизација и инструментниот панел. Во долниот дел на средишниот панел, покрај прекинувачот за стартување на возилото, се наоѓа и тој за контрола на E-Drive.

Countryman

Изложениот Countryman, како хибриден модел е придвижуван од 1,5 литарска бензинска единица и електричен мотор, кои заедно му обезбедуваат моќност од 224 коњски сили. Бензинскиот агрегат доаѓа во три-цилиндарско издание од 136 коњски сили и е задолжен за придвижување на предната оска, додека пак електричната единица ја погонува задната оска и кон вкупната моќност придонесува со 88 коњски сили. Ознаката All4 кај новиот SE, всушност претставуа ознака за верзијата на погон на сите четири тркала, која е стандардна кај овој модел.

Цената на изложениот модел изнесува 48.920 евра и може да го погледнете во салонот на М Кар во Скопје, каде ќе можете да се обратите за подетални информации.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close