fbpx

Hyundai и Audi ќе соработуваат во развојот на водородни автомобили

Hyundai објави дека компанијата постигна договор со Audi и го означи почетокот на повеќегодишната партнерска програма за развој на автомобили со водороден погон

Новата соработка меѓу компаниите ќе понуди можност да се искористат успешните искуства на двете компании во областа на електрифицирани погонски системи со водород. Првиот чекор во новото партнерство ќе биде направен од страна на Hyundai, односно Корејците ќе му овозможат пристап на Audi до своите технологии, реализирани во познатите на пазарот водородни ix35 Fuel Cell и NEXO.

-Овој договор е уште еден пример за силната посветеност на Hyundai кон создавање на повеќе одржлива иднина, а во исто време го подобрува и животот на своите клиенти со водордни автомобили, што е најбрз пат кон вистински чист свет, коментира Јасун Чунг, потпретседател на компанијата.

– Уверени сме дека партнерството на Hyundai и Audi ќе демонстрира успешна визијата за вредностите на водородни автомобили пред глобалното општество.

Hyundai

 

 

 

Поврзани вести

Back to top button