НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Hyundai повторно со електрифицирана верзија на Tucson

Hyundai продолжува да ја развива електрификацијата на својата флота

По Tucson 2.0 CRDi Mildhybrid, корејската компанија ќе го објави вториот модел од оваа серија со 48-Volt технологија во текот на летото на 2019 година. Tucson 1.6 CRDi со „мекиот“ хибриден мотор има 130 kW или 180 КС моќност. Просечната потрошувачка на гориво е од 4,4 до 4,9 литри на 100 километри.

Емисиите на CO2 се од 117 до 130 g/km. Системот, според автомобилскиот производител, вклучува 48-волтен акумулатор, лесен хибриден стартер и DC-DC конвертор кој го поврзува конвенциониот 12-Volt електричен систем со 48-Volt систем.

Tucson

Електричниот погон помага на дизел моторот со моќност од 12 kW и дополнителен вртежен момент од 55 Nm. Ако возачот притисне умерено на педалата за гас, 48-Volt генератор го запира дизелот и користи енергија од литиум-јонските полимерни батерии, кои се поставени под подот на багажникот.

Hyundai ветува дека ќе ги намали емисиите и потрошувачката на гориво до седум проценти според WLTP мерењета, со оваа технологија. Функцијата старт-стоп се активира на 30 km/h. Така дизел моторот се исклучува порано отколку кај конвенционалните системи за старт-стоп, велат инженерите на компанијата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close