fbpx

Hyundai ги објави првите спецификации за Ioniq 6 и Ioniq 7

На општо изненадување, Hyundai ги објави деталите за престојните Ioniq 6 и Ioniq 7 модели за време на претставувањето на американската верзија на Ioniq 5

Како што најави корејскиот производител Hyundai, електричниот Ioniq 6, кој ќе биде вториот модел во поставата на електричниот подбренд, ќе пристигне кон крајот на 2022 година и ќе претставува замена за оригиналниот Hyundai Ioniq.

Овој модел беше најавен со Prophecy концептот и ќе претставува премиум седан кој ќе има слични димензии како американската Sonata. Ioniq 6 ќе биде базиран на eGMP платформата и ќе се одликува со батерија од 73 kWh како и две различни погонски поставки.

Ioniq 6

Првата ќе биде со единечен електромотор кој испорачува 218 КС, додека втората има два електромотори кои заеднички ќе испорачуваат 313 КС. Според плановите на Hyundai, новиот Ioniq 6 е планирано да има опсег на движење од 483 километри.

Кон почетокот на 2024 година, Hyundai ќе го претстави и „семејниот“ модел Ioniq 7. Станува збор за кросовер со три реда на седишта кој ќе биде достапен во конфигурација за шест и седум лица. Иако на презентацијата беше споменато дека погонот на сите четири тркала ќе биде опционален, компанијата единствено спомена опција со два електромотори кои заеднички испорачуваат 313 КС. Освен тоа, од Hyundai најавуваат дека Ioniq 7 ќе има батерија од 100 kWh која ќе овозможува опсег на движење од повеќе од 483 километри.

Поврзани вести

Back to top button