fbpx

Hyundai ги сподели комплетните детали за новиот Santa Fe

Hyundai ја откри новата, петта генерација на Santa Fe минатиот месец, а сега ги објави и спецификациите за моделот кој во Европа пристигнува догодина

Откако го претстави изгледот на екстериерот и ентериерот, Hyundai сега ги објави комплетните детали за целосно новиот Santa Fe. Корејскиот производители ги откри димензиите, капацитетите и спецификациите за моторните единици, а исто така објави фотографии од XRT варијантата за која тврди дека е само концепт, но не е исклучено да станува збор и за потенцијално идно дополнување на линијата.

Новиот Santa Fe добива меѓуоскино растојание од 2.815 милиметри, кое е за 48 мм подолго од претходно, а вкупната должина е зголемена за 46 мм и сега изнесува 4.830 мм. Ширината е иста со 1.900 мм, но покривот на новиот SUV е 1.720 мм од земјата, што значи дека новиот Santa Fe е 10 мм повисок од стариот.

Повеќе простор, повеќе опрема

Поголемиот отпечаток му овозможи на Hyundai да направи некои големи промени во Santa Fe, пред се да испорача корисни придобивки во внатрешниот простор и да додаде трет ред седишта во американската верзија. Мал трет ред претходно беше достапен во други земји, но Hyundai ја повлече опцијата од својот американски каталог пред неколку години. Волуменот на багажникот е исто така подобрен за 91 литри и сега изнесува 725 литри.

Santa Fe ги добива и релаксирачките седишта на Hyundai, кои се наменети да симулираат бестежинска состојба и веќе се видени на Ioniq 5, а кај теренците конфигурирани со распоред со шест седишта, столовите од вториот ред исто така можат електрично да се префрлат во режим на релаксација. Исто така, има тони корисни функции како фиока за безжично полнење со два телефони, фиока за складирање на конзолата што се отвора на два начина за да може да пристапат и предните и задните патници, па дури и фиоката за стерилизација со UV-C во предната фиока за чистење на телефоните и паричници.

Хибридната моќност е опција

Што се однесува до она што се наоѓа под хаубата, понудата ќе варира во зависност од местото каде живеете. Купувачите во Кореја и Северна Америка можат да изберат од 2,5-литарски турбо четирицилиндричен мотор кој испорачува 281 КС и 422 Nm или 1,6-литарски турбо хибрид кој испорачува 180 КС и 264 Nm. Помасивниот мотор достигнува до „стотка“ за 8,0 секунди, додека на хибридот за истото му се потребни 9,5 секунди.

Hyundai Santa Fe 2024

На европскиот пазар, купувачите ќе можат да го специфицираат својот Santa Fe со истиот 1,6 хибрид или да изберат 1,6-литарски PHEV кој генерира 160 КС и ист вртежен момент како обичниот хибрид, и забрзува од место до „стотка“ за 9,1 секунда. На некои пазари ќе има дури и атмосферски 2,5 чии 194 КС не звучат премногу страшно, но забрзувањето 0-100 км/ч изнесува 11,5 секунди.

XRT Concept

Севкупно, Santa Fe од 2024 година звучи како силен пакет, но Hyundai се уште не ги открил цените. Сепак, една верзија на Santa Fe нема да биде достапна за купување кога новиот SUV ќе пристигне во корејските продажни салони во август, а Северна Америка и Европа во првата половина на 2024 година. Станува збор за XRT кој Hyundai го претстави во концептна форма.

Hyundai Santa Fe 2024

Со зголемена висина на возењето, гуми за сите терени BF Goodrich, пристап и агли на заминување наменети за оф-роуд, плус додатоци како багажник за покрив, карго кутии и задна скала, XRT е сериозна „ѕверка“. Hyundai вели дека моментално нема планови концептот да се претвори во сериско возило, но никогаш не се знае.

Поврзани вести

Back to top button