ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Hyundai го најави i30 N Project C

Компанијата ги откри првите детали за новиот, полесен хечбек i30 N што ќе го открие на претстојното мото-шоу во Франкфурт

Ќе биде наречен Hyundai i30 N Project C, а е изграден врз основа на високо перформансната верзија i30 N. Малку е веројатно дека новиот хечбек ќе добие поголема моќност од стандардните 271 коњски сили, а она што тој ќе добие се нови и полесни 19-инчни алуминиумски тркала наместо стандардните 18-инчни.

Зад камуфлажата, i30 N Project C доаѓа во препознатливите нијанси карактеристични за серијата N. Моделот има низа визуелни прилагодувања што го прават автомобилот да се разликува од i30 N, а исто така тие прилагодувања допринесуват кон намалување на неговата тежина. Такви карбонските додатоци и елементи околу предниот и задниот браник и суптилното менување на аеро-балансот.

i30

Суспензијата исто така е ревидирана, што го прави автомобилот да се држи пониско до земја од стандардниот, но за повеќе спецификации околу конфигурацијата на шасијата и хардверот ќе мора да почекаме.

За разлика од i30 N, каде „N“ се однесува на Nürburgring, кај Project C, „C“ се однесува на „ Area C“, областа каде што овој автомобил е развиен. Новиот Project C ќе биде изграден во вкупно 600 единици наменети за европскиот пазар.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close