fbpx

Hyundai го покажа ентериерот од новата генерација на i20

Пред неколку дена Hyundai ги објави официјалните фотографии од новата генерација на i20, а сега добиваме шанса да ја видиме внатрешноста на кабината

Се очекуваше Hyundai овој детал да го остави за почетокот на самиот Саем за автомобили во Женева, кога овој модел во B сегментот ќе треба да ја доживее својата официјална премиера. Сепак, Корејците се одлучија да ја запознаат јавноста со новиот Hyundai i20 и неговата внатрешност.

Престојната нова генерација на малиот хечбек направи значителен исчекор во однос на актуелниот модел кој е во заминување. Во Hyundai наведуваат дека се употребени материјали на значително повисоко ниво на квалитет, како и дека новата генерација ги подобри работите на полето на ергономијата.

Она што прво паѓа во очите во внатрешноста секако се двата големи екрани. Едниот, кој е поставен на врвот на централната конзола, служи за контрола на инфо-забавниот систем и доаѓа со големина од 10,25 инчи. Аналогните инструменти се заменети со дигитална верзија, која ќе ја менува бојата во зависност од избраниот режим на возење. Сепак, и покрај силниот бран на дигитализација, корејската марка не ги отстрани сите физички прекинувачи од централната конзола, што секако е добра одлука, бидејќи преместување на апсолутно сите команди на екраните чувствителни на допир до сега не се покажа како најпрактично решение.

Hyundai наведуваат дека за оние кои уживаат во добриот звук обезбеден е Bose систем со седум звучници. Повеќе детали за новиот Hyundai i20 можете да прочитате ТУКА.

Поврзани вести

Back to top button