fbpx

Hyundai го претстави i30 N Line

Hyundai ги откри првите детали, фотографии и видео на првиот претставник од новото спортско семејство N на марката- i30 N Line.

Hyundai i30 N Line се одликува со нова опрема, надворешни и внатрешни стилистички елементи. Оптимизирана спортска суспензија, сопирачки со поголеми дискови и поинаква реакцијата на моторот. Значи стандардната верзија е крената неколку скалила погоре, со спортски признаци, за подинамична и поагресивна изведба. Дефинитивно  ќе ги задоволи страстите на оние кои посакуваат ваков стил на возила. Од Hyundai коментираат дека кај i30 се позајмени голем број на решенија од спортската верзија i30 N, вклучувајќи го изгледот на предниот и задниот браник. 18-инчните фелни, прават деби во модификационното портфолио на i30 како целина, новиот издувен систем, Michelin Performance гуми и многу повеќе.

 

Hyundai i30 N Line се нуди со специјално развиени за модификацијата спортски седишта со дополнителна странична потпора, спортски волан со перфорирана кожа, метални влошки на педалите, нова топка на менувачот и дополнителни тематски апликации и амблеми.

Продажбата на i30 N Line почнува во Европа во текот на летото, а ќе се нуди во варијанти со 1,4 литарски T-GDI бензински мотор со 140 КС и 1.6 CRDi дизел со 136 коњски сили.

 

 

Поврзани вести

Back to top button