Франкфурт 2019: Hyundai i10 дебитира со нов и динамичен изглед

Пред официјалната премиера на Саемот во Франкфурт следната недела, корејскиот производител го покажа своето освежува од А сегментот

Третата генерација на малиот градски автомобил дебитираше само неколку дена пред својата официјална премира на Саемот за автомобили, кој ќе се одржи идната недела во Франкфурт. Новиот i10 ќе биде развиен и произведен во Европа, а доаѓа со низа надворешни и внатрешни модификации.

Она што веднаш се забележува е новиот и динамичен изглед. Покривната линија е спуштена за 20 mm, a со зголемување и на ширината за дополнителни 20 mm, малиот хечбек добива поатрактивен облик. Покрај ова, i10 седи на сет од ново-дизајнирани 16-инчни алуминиумски фелни, кои се дел од опционалната листа.

i10

Во поглед на надворешниот дизајн, корејскиот мини добива широка предна маска во која се инкорпорирани округли LED дневни светла. Што се однесува до страничниот дел, тој е особено мускулест и совршено одговара на предниот крај. Достапни ќе бидат 10 надворешни бои, меѓу кои вклучени се Dragon Red, Aqua Turquoise, Star Dust и Sleek Silver, а можат да се искомбинираат со контрастен црн или црвен завршеток на покривот.

Движејќи се во внатрешноста, она што може да се забележи е дека и кабината добила свое ниво на ревидираност. Во централната конзола поставен е 8,0-инчен екран на допир со Apple CarPlay и Android Auto, а управувачот го задржим класичниот тро-крак дизајн. Новиот i10 ќе биде достапен во варијанта со четири или пет седишта.

На листата на безбедносни карактеристики со кои е опремен малиот хечбек се наоѓа асистентот за избегнување на судир, асистент за долго светло, системот за одржување на лента, предупредување за внимателност на возачот и предупредување за ограничување на брзината.

Што се однесува до погонските агрегати, i10 ќе располага со два агрегати по лансирањето и тоа 1,0 литарски MPi трицилиндарски мотор со 66 коњски сили и 96 Nm вртежен момент и поголем 1,2 литарски MPi четирицилиндарски со 82 коњски сили и 118 Nm. И двата мотори можат да се комбинираат со пет-степен рачен или пет-степен автоматизиран рачен менувач.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close