НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Hyundai ја претстави KONA IRON MAN

Hyundai Motor откри детали за новата специјална верзија IRON MAN на компактниот SUV модел KONA за време на COMIC-CON 2018 во Сан Диего и најави дека возилото ќе биде достапен во лимитирана серија, односно ќе биде произведен само по нарачка.

Новата лимитирана серија KONA Iron Man, ќе биде достапна за нарачка на глобално ниво од декември. Нејзиниот дизајн и стил на екстериерот и ентериерот, се предмет на идејата за визијата на костимот на „железниот човек“.  Во надворешноста на автомобилот остава впечаток посебно новиот стајлинг на дневните светла, специјалните визуелни мотиви на покривот и хаубата, уникатните за серијата 18-инчни фелни и тематски контрастни бои.

Внатрешноста на HYUNDAI KONA IRON MAN истотака е по истата тематика. Се одликува со специјално доработена инструментална табла, уникатни рачки, специјална верзија на head-up дисплејот, оригинален тапацир и друго.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close