fbpx

Hyundai и Kia доставиja 954 возила за FIFA World Cup Russia

На специјална церемонија, која се одржа на стадионот Лужники во Москва, официјалните автомобилски партнери на 2018 FIFA World Cup Russia- Hyundai Motor и Kia Motors, испорача 954 возила, кои ќе бидат употребени од организаторите на манифестацијата

На церемонијата на примо-предавањето присуствуваа Џеј Неухаус, Раководител на FIFA за маркетинг и доделување угостителски услуги, Едуардо Солис, шеф на партнерства и промоции во FIFA, Алексеј Сорокин, претседател и извршен директор на локалниот организациски комитет на FIFA и фудбалската легенда Немања Видиќ, поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Спартак Москва и се разбира на репрезентацијата на Србија.

Во портфолиото на испорачаните возила има претставници на моделите Santa Fe, Tucson и H-1 (Starex) oд Hyundai, како и K9, Sorento, Sportage и Ceed од Kia, кои ќе бидат употребени за транспорт на националните фудбалски тимови, судиите, официјалните лица и делегатите за време на фудбалската трка за светски национален шампион.

2018 FIFA World Cup Russia

-Ние сме горди што сме повторно партнери на FIFA за World Cup 2018, несомнено најголемиот меѓународен спортски настан во светот, истакна Минсу Ким, потпретседател на маркетинг одделот на Hyundai Motor.

-Транспортот е важен логистички елемент во настан од овој карактер. Како официјален автомобилски партнер на FIFA World Cup, ние сме посветени на идејата да им помогнеме на организаторите настанот да го направат што е можно подобар. Hyundai секогаш е добар пријател на спортот, особено фудбалот!

– FIFA за World Cup 2018 е несомнено најважен глобален спортски настан кој претстои, магнет за милиони фанови низ целиот свет, рече Јонг Вон, претседател на Kia Motors Russia. -Возбудени сме што сме повторно дел од оваа манифестација и со нетрпение очекуваме да ги приближиме луѓето до брендот Kia преку овој голем настан.

-Hyundai Motor и Kia Motors се наши официјални партнери од 1999 година и ние сме благодарни за нивната поддршка во снабдувањето со квалитетна флота и во оваа манифестација во Русија, рече Жан-Франсоа Пати, директор на маркетинг услуги во FIFA.

–Корејските гиганти имаат важна улога во оперативниот успех на нашите настани. Нивните возила ќе обезбедат непречено функционирање на првенството, овозможувајќи да превезуваме играчи, медиуми и претставници за време на целиот турнир. Заедно ја споделуваме страста за фудбалот и подготвени сме за возбудата која ќе ја понуди прекрасната игра на навивачите низ целиот свет.

Поврзани вести

Back to top button