Hyundai, Kia и Genesis со ново централно воздушно перниче

Поставено помеѓу двете предни седишта, новиот тип на воздушно перниче обезбедува дополнително ниво на заштита на возачот и совозачот

Страничните воздушни перничиња во атомобилите спасија многу животи од нивното воведување пред повеќе од 20 години. Сега, Hyundai Motor Group по GM го претставува својот тип на нови централни воздушни перничиња, поставени помеѓу двете предни седишта, дизајнирани да спречат предните патници да ги повредат главите во случај на несреќа.

Воздушното перниче се шири во просторот помеѓу возачот и совозачот за да ги спречи предните патници да се судрат едни со други. Ако нема никој на совозачкото седиште, воздушното перниче ќе го заштити возачот од страничен судир што доаѓа од десната страна. Воздушното перниче за централната страна е инсталирано во седиштето на возачот.

воздушно перниче

Корејскиот производител на автомобили тврди дека развил едно од најлесните странични воздушни перничиња во светот со примена на ново патентираната технологија за одржување на сигурноста, додека ја намалува тежината и големината на воздушното перниче. Централното воздушно перниче на Hyundai е околу 500 грама полесно од конкурентските производи благодарение на поедноставениот дизајн и намалената тежина на компонентите.

Покрај тоа, помалата големина на воздушното перниче овозможува поголема флексибилност во видот на дизајнот на седиштата за идните производи. Производителот вели дека новото воздушно перниче се очекува да ги намали повредите на главата предизвикани од патниците што се судираат едни со други за дури 80 проценти.

Според статистичките податоци на Европската асоцијација на автомобилските производители, стапката на секундарна штета предизвикана од ваков вид судири или удирање во внатрешните елементи е околу 45 проценти. Технологијата ќе се искористи во претстојните модели на Hyundai, Kia и Genesis.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close