fbpx

Hyundai ќе има летечки автомобили во САД до 2025

Компанијата Hyundai продолжува со сериозниот развој на летечките автомобили, а целта е да имаат ваков тип на превозни средства до средината на оваа деценија

Јужнокорејскиот производител не отстапува од својата офанзива на полето на летечките автомобили, а доказ за тоа се и јавно изнесените амбиции на Hyundai, односно на глобалниот оперативен директор и извршниот директор на Hyundai за Северна Америка, Хозе Муњоз. Според него, компанијата би можела да има летечки автомобили кои ќе се користат за такси превоз до средината на оваа деценија, односно до 2025 година.

Муњоз тврди дека компанијата можеби е подготвена за комерцијални летови до 2025 година. Тоа е многу порано од првичните проценки, според кои Hyundai би можел да има летечки такси возила на големите аеродроми во САД до 2028 година. Летечките таксиња кои Hyundai ги прикажа претходно се квадрокоптери кои се напојуваат со батерии. Инаку, компанијата неодамна најави дека ќе инвестира 7,4 милијарди долари во САД со цел да произведува електрични автомобили и за развој на паметни мобилни решенија, вклучително и летечки автомобили.

Hyundai

„Овој пазар го гледаме како значителна можност за раст“, истакна Муњоз, а пренесува Reuters. Оперативната технолошка база на Hyundai во моментов е во државата Вашингтон, но има планови да ја прошири својата инфраструктура и на други места, како што е случајот со аеродромот за патнички дронови во Велика Британија.

Иако многумина сметаат дека оваа технологија е футуристичка, Муњоз тврди дека Hyundai не сака да остане зад своите конкуренти и да треба да вложува двојно поголеми напори за да ги достигне подоцна. Инаку, Morgan Stanley предвиде дека пазарот на урбана воздушна мобилност ќе вреди до 1 трилион долари до 2040 година.

„Кога станува збор за футуристичката технологија, никогаш не е рано. Оние кои се пионери, тие победуваат“, вели Муњоз.

Поврзани вести

Back to top button