Hyundai Kona прогласена за автомобил на годината во Шпанија

Новата Kona ја освои наградата ABC за „Најдобар автомобил за 2019 година“ во Шпанија

Оваа награда ја доделува ABC и важи за една од најпрестижните награди во оваа земја. Добитникот на оваа титула го одредува жири составено од 36 членови, во главно новинари од најразлични медиуми. За да се добие, во предвид се зема изгледот на надворешниот и внатрешниот дел, технологијата, перформансите, како и позицијата на пазарот, а Kona успеа да ги покрие сите сегменти.

Kona

Вкупниот квалитет на автомобилот, како и пет годишната гаранција исто така беа земени во предвид за финалниот избор. Сите претходни добитници на оваа награда, имаат постигнато голем успех за брендовите кои ги претставуваат, а истото се очекува и од Kona.

Конечниот резултат по бодови изгледа вака: Hyundai Kona – 312 поени, Peugeot 508 – 264 поени, Seat Arona – 182 поени. Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи на почетокот на 2019 година. Ова е четврти пат Hyundai да ја освои наградата во последните неколку години. Досегашни добитници се Hyundai i30 во 2008 година, потоа добитник беше Hyundai IX35, a последен во низата беше Tucson во 2016 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close