fbpx

Hyundai концептите Prophecy и 45 ќе добијат сериски верзии

Hyundai најави дека двата концептни автомобили на компанијата, Prophecy и 45, ќе добијат сериска верзија и ќе бидат поставени на новата платформа на компанијата

Hyundai ја закажа светската премиера на концептот Prophecy за годинешното издание на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева. Меѓутоа, настанот не се одржа поради пандемијата на коронавирусот. Сепак, ниту тоа не го спречи корејскиот производител својата студија да ја претстави преку дигитални канали, а според реакциите на публиката, концептот го постигна посакуваниот ефект. Со самото тоа, од Hyundai донесоа одлука Prophecy да добие сериска верзија.

Корејскиот производител потврди преку потпретседателот на компанијата дека Prophecy заедно со претходниот 45 концепт ќе влезат во производство. Најпрво ќе пристигне 45, а потоа и модел базиран на Prophecy.

Hyundai

„Ќе имаме сериска верзија на концептот Prophecy по лансирањето на сериското издание на концептот 45. 45 е повеќе инспириран од дизајнот од седумдесеттите години, проткаен со модерен SUV стајлинг. Од друга страна, Prophecy е инспириран од триесеттите години и аеродинамичкиот дизајн од таа ера. Овие два автомобили ја демонстрираат нашата способност да испорачаме целосно различен стајлинг“, изјави Санг Јуп Ли.

Prophecy ќе се трансформира во следната генерација на Hyundai Ioniq, кој треба да пристигне во текот на 2021 година. Ова возило ќе ја дели E-GMP архитектурата со сериската верзија на концептот 45, кој треба да го забележи своето деби пред крајот на годината.

Hyundai

„Оваа електрична платформа со кратки препусти и нанапред „потурнат“ кабински простор овозможува повеќе простор за патниците. Prophecy е иден седан, но не од традиционален тип. Ќе располага со пространа внатрешност со повеќе облини, така што тоа многу значи“, додаде Ли.

Поврзани вести

Back to top button