Hyundai направи електрично возило за деца од Concept 45

Најмалиот електричен автомобил на Hyundai, кој се уште нема име, е базиран на Concept 45 кој беше претставен минатата година во Франкуфрт и е наменет за деца

Додека се очекува Concept 45 да добие свое продукциско издание, Hyundai не ги заборава оние најмалите, па реши својот концептуален автомобил претставен минатата година на Салонот во Франкфурт да го направи во најмалиот електричен автомобил на компанијата досега. Стајлингот на екстериерот го содржи истиот дизајнерски потпис како и 45, заедно со аголниот профил. Возилото се одликува со Performance Blue боја со портокалови акценти и централна возачка позиција.

Инаку, каросеријата на возилото е направена целосно од дрво, со цел да се задржи „еко темата“ на проектот. Се уште нема официјални информации околу возачката автономија, но од корејската компанија истакнуваат дека „насмевката на возачите се верува дека е главниот погон на возилото да патува поголеми дестинации благодарение на Emotion Adaptive Vehicle Control (EAVC) технологијата“.

Hyundai Concept 45

Кога станува збор за перформансите, ова електрично возило базирано на Hyundai Concept 45 се напојува со два DC мотори кои овозможуваат максимална брзина од 7 километри на час, што е прилично бавно. Но, тоа очигледно е намерата, бидејќи возилото е наменето за дечиња.

Мора да се истакне дека графиката на предните и задните светла е навистина прекрасна, многу подобра отколку на слични други возила.

Поврзани вести

Back to top button