fbpx

Hyundai NEXO и Kona со наградата Red Dot за дизајн

Целосно новите пазарни предлози NEXO и Kona на Hyundai ја добија наградата Red Dot за дизајн

Со ова признание, успехот на компанијата во престижниот конкурс стекнува посериозни димензии, а компанијата може да се пофали со вкупно десет соодветни признанија за своите модели.

Од Hyundai се посебно задоволни што водородната изведба NEXO и моделот KONA добија признанија во категоријата Автомобили и Мотори. Кросоверот доби признание за исклучителен дизајн и иновации во категоријата SUV / Off-road автомобили, а NEXO во својата поткатегорија.

Hyundai NEXO кој е првиот предлог на брендот од новата генерација водородни автомобили на компанијата, кој ветува автономија од 370 милји или околу 600 километри, што е за над 150 km повеќе во споредба со актуелната верзија на Tucson FCEV.

Тоа што го разликува, исто така, Hyundai NEXO од претходните слични изведби на компанијата, е фактот дека неговата платформа е специјално развиена за водороден погонски систем. Електромобилот е опремен со батерија со капацитет од 40 kWh, а моторот му е со моќност од 120 kW или 164 коњски сили.

Hyundai

SUV моделот Hyundai Kona, кој се нуди и во верзија со систем за погон на сите четири тркала, се одликува со специјално оформените на три вертикални нивоа светлосни блокови, карактеристична за брендот Cascading Grille челна решетка, дополнителните димензии на елементи во долниот дел на возилото, варијантите за контраст во екстериериерот и многу повеќе.

Поврзани вести

Back to top button