Hyundai објави нов тизер за Ioniq 5 пред премиерата

Во пресрет на официјалната премиера, Hyundai објави уште еден тизер за престојниот Ioniq 5 каде фокусот е ставен на предните и задните светла

Ioniq 5 треба да биде првиот модел од новиот електричен подбренд на Hyundai, а во пресрет на светската премиера која ќе се одржи кон средината на февруари, корејската компанија објави уште еден тизер за својот електричен автомобил. Во овој тизер не се открива многу од автомобилот, а фокусот е ставен на пикселните предни и задни светла. Новиот Ioniq 5 беше најавен од страна на 45 Concept, а продукцискиот модел ќе стане првото електрично возило на групацијата кое ќе биде базирано на нивната нова E-GMP архитектура.

Како што може да се види во видеото, Ioniq 5 ќе има карактеристичен дизајн кој не изгледа како ниту еден друг модел во поставата на Hyundai. Тоа и се очекуваше, со оглед на тоа дека компанијата уште претходно најави „темелна промена“ во дизајнот на електричните возила во иднина.

Hyundai се уште ги чува деталите во тајност, но кросоверот се карактеризира со пикселни предни светла „кои ја сугестираат дигиталната технологија во внатрешноста“. Тука е и целосно затворената предна „решетка“ и дигиталните странични ретровизори. Исто така забележливи се и контрастните пластични облоги, тенките задни светла и 20-инчните тркала кои се аеродинамично оптимизирани.

Hyundai Austriа несакајќи објави дел од перформансните спецификации минатата година. Доколку се оди на тоа дека овие бројки се точни, се очекува погон на сите четири тркала и комбинирана моќност од 313 КС. Ова ќе му овозможи на кросоверот да спринта од нула до 60 милји на час (0-96 км/ч) за 5,2 секунди. Во моментов нема детали околу капацитетот на батеријата, но моделот се очекува да има опсег на движење од околу 450 километри според WLTP.

Поврзани вести

Back to top button