Hyundai објави тизер за освежената Kona и спортската Kona N Line

Корејскиот производител Hyundai објави тизер фотографии од освежениот кросовер Kona, прикажувајќи го автомобилот во стандардната и N Line варијанта

Hyundai Kona пристигна пред неколку години на пазарот, а ако се суди според фотографиите кои ги објави корејскиот производител, можат да се забележат некои значителни промени кои се направени на малиот кросовер, особено на предниот дел. Според ова, не само што автомобилот ќе добие помодерен изглед, туку и пософистициран.

На предната страна се наоѓа карактеристичната нова решетка која е надополнета со агресивниот браник. Тука се и редизајнираните поделени предни светлосни групации кои имаат нови LED дневни светла како и LED технологија. Hyundai исто така одлучи да го елиминира тенкиот хоризонтален процеп меѓу предната решетка и хаубата кај актуелниот модел.

Кога станува збор за Hyundai Kona N Line, оваа верзија изгледа многу поагресивно од регуларниот модел. Истите светлосни групации се наоѓаат и тука, но дизајнерите на компанијата поставија нова предна решетка со уникатен мрежест дизајн. Како додаток, Kona N Line вклучува и карактеристичен браник со голем отвор за воздух. Логото на Hyundai исто така е преместено и е поставено на решетката, а тука се и три мали отвори за воздух, поставеи веднаш над предната решетка.

Hyundai Kona

Долгоочекуваната варијанта, за која не е прикажан тизер е „знаменосецот“ Hyundai Kona N. Тоа веројатно значи дека истата нема да биде прикажана се додека не започне продажбата на овие два модели.

Поврзани вести

Back to top button