Hyundai објави тизери за освежениот i30 N

Hyundai ни овозможи прв преглед на освежениот i30 N кој за прв пат ќе биде достапен и со осумстепен менувач со двојна спојка

Во тизер фотографиите кои ги објави јужнокорејскиот производител, можеме за прв пат да го погледнеме освежениот изглед на Hyundai i30 N. Како и остатокот од опсегот на i30, така и овој N модел ќе добие нешто поагресивна и зголемена предна решетка, аголни отвори за воздух и нова предна светлосна група со LED дневни светла.

Забележливо е дека i30 N ќе биде опремен со сет на нови 19-инчни тркала кои овозможуваат намалување на тежината од 14 килограми. На задниот дел впечатливи се новите задни светла, зголемените издувни цевки и новиот агресивен дифузер.

Најголемата новост поврзана со освежениот Hyundai i30 N е тоа дека ќе биде достапен со осумстепен менувач со двојна спојка кој веќе е достапен кај Veloster N. Оваа трансмисија се карактеризира со голем број режими насочени кон тоа да се направи возењето да биде многу попријатно за возачот.

Се очекува управувањето и системот на потпирање на освежениот i30 N исто така да минат низ своевидна ревизија, но засега од Hyundai нема никакви информации околу евентуални промени на тоа поле. Во внатрешноста се очекува освежениот хот хеч да добие посвеж ентериер, а тоа најверојатно ќе вклучува и поголем инфозабавен екран.

Hyundai i30 N

Освежениот i30 N и понатаму ќе се напојува со 2,0-литарскиот турбо четирицилиндричен мотор кој испорачува 271 КС. Hyundai допрва треба да открие дали базичната варијанта со 246 КС ќе продолжи да се нуди на одредени пазари. Официјалниот датум на лансирање се уште не е објавен.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close