НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Hyundai со обновениот i30 ќе претстави нова технологија и мотор

Hyundai Motor објави дека моделот i30 помина низ програма за ажурирање, во која се вклучени како иновации на дизајнот, така и неколку нови технолошки решенија за поврзување, како и нов дизелски мотор

Новиот погонски агрегат во семејството i30 e 1.6 литарски со Smartstream технологија и доаѓа во три верзии- 96 коњски сили со 6-брзински мануелен менувач, 116 коњски сили повторно и 136 коњски сили со 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен роботизиран менувач. Од Hyundai велат дека со воведувањето на новиот дизел мотор, веќе целата палета на аграгати ги исполнува строгите барања на Euro 6d Temp стандардот за емисија.

i30

Дизајнерските промени кај обновената верзија на Hyundai i30 се поврзани со воведувањето на целосно нов преден браник, позната од новата верзија на моделот i30 Fastback, неколку нови решенија на бои за екстериерот и друго. Друга новина кај овој автомобил е можноста за нарачка на 8-инчен Display Audio, кој нуди синхронизација за мобилни телефони преку Android Auto и Apple Car Play, како и можност за управување со глас или преку екран чувствителен на допир и преку копчиња на воланот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close