ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Hyundai го патентира името Styx

Hyundai поднесе барање за регистрација на новата трговска марка Styx во Европската канцеларија за интелектуална сопственост (EUIPO)

Новото име е во план да се користи за иден сериски модел или концепт, но сé уште не е јасно кој од двата. Во барањето се наведува дека името Styx може да се користи за автомобил, SUV, спортски автомобил, електричен камион, камион и автобус. Не е ниту јасно дали станува збора за глобален производ или само европски модел.

Styx

Се претпоставува дека концептот наречен Hyundai Styx може да биде лансиран оваа есен на Парискиот салон за автомобили или следната пролет во Женева.

Постои можност ова да биде мистериозен спортски модел, кој во моментов се развива од страна на спортската поделба на брендот. Некои аналитичари веруваат дека името може да се користи за двосед спортски автомобил со поставен мотор централно, други сметаат дека тоа ќе биде супер-седан или „набилдан“ хечбек. Сè уште не е познато дали таквото барање ќе биде поднесено и до Патентентниот завод на САД.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close