НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Hyundai го претстави i30 Fastback N

Неколку дена пред светската премиера на целосно новиот и втор специјално развиен спортски предлог за европскиот пазар, Hyundai ги откри првите подробности на i30 Fastback N

Hyundai i30 Fastback N ќе дебитира за време на меѓународниот автомобилски саем во Париз следната недела и ќе тргне по патот на веќе добро познатиот во речиси 3.000 продажби од почетокот на оваа година i30 N. Исполнет со специјално развиен надворешен пакет, бројни подобрувања на суспензијата и погонскиот систем, Hyundai i30 Fastback N ќе се нуди во две главни верзии.

И двете се опремени со познатиот 2.0 литарски турбоагрегат, а стандардната верзија ветува максимална моќност од 250 коњски сили, додека модификацијата Performance Package, доаѓа со импресивни 275 коњски сили. И двете модификации на моторот генерираат максимален вртежен момент од 353 Nm и гарантираат забрзување до максимална брзина од 250 km/h. Hyundai i30 Fastback N е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 6.4 секунди, додека на помоќниот му се потребни само 6.1 секунди.

Hyundai i30 Fastback N стандард се нуди со систем N Grin Control, која им овозможува на возачите да изберат помеѓу пет режими на однесување на својата кола.

Со копче од воланот, ќе може да се избира меѓу Eco, Normal, Sport, N и N Custom, во зависност од моменталните параметри. i30 Fastback N ветува и одлична функционалност со просторен ентериер и багажен простор со зафатнина од 450 литри, со два вида мултимедијални системи, Bluetooth, Apple CarPlay и Android Auto конекција, како и сет сисетми за зголемување на безбедноста, вклучувајќи систем за избегнување на удар напред, систем за задржување на возилото меѓу две ленти, автоматски светла и друго.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close