Hyundai Prophecy концептот со официјално деби

Hyundai ја претстави новата фаза во развојот на својата дизајнерска филозофија со официјалното претставување на својот Prophecy концепт

Првично планиран да дебитира на откажаниот Меѓународен Салон за автомобили во Женева, концептот Prophecy на јужнокорејскиот производител забележа дигитално деби и го прикажува правецот во кој Hyundai ќе продолжи да го еволуира својот нов корпоративен дизајнерски јазик наречен Sensuous Sportiness.

Од компанијата смело истакнуваат дека спортската силуета на концептот, комбиниран со кратките навлекувања и истакнатиот заден дел ја создаваат „ултимативната автомобилска форма. Овој автомобил е поставен на новата платформа за електрични возила која дозволува употреба на свежите површини и чистиот волумен во комбинација со естетска хармонија и функционалност.

 

Hyundai засега не соопшти конкретни детали освен дека станува збор за електричен автомобил. Во соопштението се наведува и дека Prophecy концептот ја нагласува безвременската убавина која ќе го издржи тестот на времето. Називот Prophecy (пророштво) ја одразува целта на концептот, дефинирајќи го правецот на идниот дизајн на Hyundai.

„Оживеавме уште една икона која се етаблира како нов стандард во EV сегментот и ја поттикнуваме дизајнерската визија на Hyundai во уште пошироки хоризонти. Дел од таа експанзија е она што го нарекуваме Оптимистички футуризам, дизајнерски концепт отелотворен од Prophecy. Со Оптимистичкиот футуризам, нашата цел е да се воспостави емотивна врска меѓу луѓето и автомобилите“, изјави Сангјуп Ли, директорот за дизајн на Hyundai.

Наследувајќи го 45 концептот од минатата година, Prophecy вклучува и некои идеи од својот претходник, но ги носи и на повисоко ниво. Пример за тоа се пикселските сијалици кои сега се користат за предните и задните светла, како и на спојлерот, со што се поврзуваат со акумулаторите во батериитете кои ја обезбедуваат електричната енергија за автомобилот. Од Hyundai тврдат дека ова решение ќе се пренесе и на продукциските модели наскоро.

Prophecy е замислен како автономен автомобил и во кабината нема традиционален управувач. Намесот тоа, има еден пар џојстици кои обезбедуваат „целосно ново, но сепак спокојно и смирувачки познато и интуитивно возачко искуство“. Овој напреден интерфејс исто така му овозможува на возачот да ги контролира и другите функции на автомобилот лесно и безбедно, тврдат од Hyundai.

Поврзани вести

Back to top button