fbpx

Hyundai сака да го надмине Alfa Romeo според дизајнот

Компанијата Hyundai сака да го направи дизајнот на идните модели поекспресивен и поемоционален од овој на Alfa Romeo

Секое возило од гамата на компанијата треба да биде уникатно, но да ги зачува цртите на компанијата, а брендот да се „тргне“ од унифицираниот дизајн. Дизајнерот на Hyundai Motor, Сан Хозе Ли, во интервју за Automotive News најавува нова визија на ова поле за корејската компанија и нејзините модели. Пред да пристигне во корејската компанија, тој работел на дизајнот на прототипи како Chevrolet Camaro, Corvette Stingray и Bentley EXP 10 Speed 6.

-Автомобилот е емотивен производ и сакаме да го зголемиме тоа чувство кај луѓето. Мaserati и Alfa Rome се со многу импресивни елементи, па дури и германските брендови позајмуваат од италијанскиот стил. Таквите емоции и убавина не можат да се најдат во масовните брендови. Затоа нашата мисија е да станеме подобри од дизајнот што на пример го наметнува Alfa Romeo, истакнува Ли.

Hyundai

Во април, главниот дизајнер на Hyundai, Лук Донкерволе, го опиша „здодевниот” пристап користен од компанијата, во кој сите модели на брендот се во еден стил, како застарен. Во тоа време тој најави дека е решен да го отстрани овој недостаток на индивидуалност, а според него, дизајнерите треба да ги земат предвид специфичностите на секој модел.

Првите модели на Hyundai со новиот дизајн ќе бидат објавени следната година. На овој начин Ли само го надополнува кон визиите својот шеф и апострофира одредена марка на која треба да се исврне корејскиот производител.

Поврзани вести

Back to top button