fbpx

Hyundai со нов тизер ја најави премиерата на Bayon

Со оглед на популарноста на кросовер и SUV моделите во Европа, разбирливо е што производителите се фокусираат на ваквите автомобили, а Hyundai во својата постава го додава и Bayon

Hyundai пред некоку дена го претстави новиот електричен кросовер Ioniq 5, а веќе се насочува кон следната официјална премиера. Повторно станува збор за коросовер, но овој пат со мотор на внатрешно согорување, а станува збор за моделот Bayon кој беше најавен уште минатата година. Hyundai Bayon ќе претставува влезен модел во гамата на кросовери на корејскиот производител и ќе биде поставен под Kona.

Исто како и повеќето нови автомобили, така и Hyundai Bayon мина низ подолга тизер кампања, а истата наскоро ќе заврши бидејќи субкомпактниот кросовер ќе ја доживее својата премиера следната недела. Со својот најнов тизер, корејскиот производител најави дека на 2 март ќе се одржи официјалната премиера за новиот модел кој ќе се продава во Европа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hyundai Europe (@hyundai.europe)

Наречен по градот Бајон во Франција, со оглед на тоа дека се смета за европски производ, кросоверот од В сегментот ќе споделува голем број компоненти со i20 кој мина низ рестилизација во 2020 година.

Најголемиот дел од моторните опции исто така би требало да бидат извлечени од овој хечбек на корејскиот производител, но останува да се види дали ќе го добие и 1,6-литарскиот турбо мотор со 201 КС и 275 Nm максимален вртежен момент кој се наоѓа кај i20 N. Сите верзии на Bayon ќе се нудат исклучиво со погон на предните тркала.

Во претходните тизери беше откриен изгледот на предниот дел, малата горна и големата долна решетка, како и поделениот дизајн на предните светла, слично како кај Kona. На задниот дел се наоѓаат LED светлата во форма на буквата V кои се чини ќе бидат поврзани со тенка светлосна лента.

По светската премиера закажана за во вторник, субкомпактниот кросовер Hyundai Bayon се очекува да стигне во продажба во Европа во првата половина од годинава.

Поврзани вести

Back to top button