fbpx

Hyundai со прв официјален тизер за „новиот“ Santa Fe

Hyundai го објави првиот официјален тизер од својот модел Santa Fe кој ќе мине низ „тешка“ фаза на рестилизација и ќе се најде дури и на нова платформа

Иако треба да претставува „фејслифт“, односно да помине низ стандардното освежување во средината од својот животен век, корејскиот производител ќе направи некои радикални промени кај својот SUV Hyundai Santa Fe, не само кога стаува збор за изгледот, туку и за самата платформа на која ќе се потпира автомобилот, нешто што е навистина ретко и невообичаено во автомобилската индустрија. Четвртата генерација на моделот е на пазарот само две години, но веќе минува низ значителни промени.

Hyundai објави две тизер фотографии од својот SUV, со кој се открива предниот дизајн, односно изгледот на предната маска на ладилникот. Од Hyundai наведуваат дека потемната решетка на ладилникот ќе најде своја примена кај стандардниот модел, додека онаа со посветол дезен ќе биде користена кај попрестижните варијанти на моделот.

Hyundai Santa Fe

 

Како и да е, тизерот открива неколку нови детали во дизјанот, а кој вклучува исправена поставка на дневните светла Daytime Running Light – DRL во рамката на маската од ладилникот. Наведената уникатност е само еден дел од таканаречената нова „интегрирана архитектура“.

Од останатите занимливости околу овој кросовер треба да се напомене дека во понудата ќе се најде и нов електрифициран погонски склоп, а кој вклучува и plug-in хибрид, што ќе биде прв пат за Hyundai. Покрај тоа, треба да се нагласи и дека Santa Fe ќе биде пионир во имплементацијата на новата, трета генерација на компаниската архитектура во Европа, која според тврдењата на Корејците носи нов квалитет во поглед на перформансите, возната динамика и безбедноста. Истата е прилагодена и за компонирање на термални со елелктромотори.

Во Европа, Hyundai планира да го лансира речиси новиот Santa Fe во септември. Во меѓувреме, дополнителни детали, цртежи, фотографии и рендери се очекуваат да се појават во следните недели, со што можеме да очекуваме да го видиме автомобилот во целосно светло.

Поврзани вести

Back to top button