fbpx

Hyundai со Vision FK ја покажа својата водородна стратегија

Автомобилската индустрија минува низ голема транзиција, а компанијата Hyundai ја најави својата стратегија за новата водородна технологија

Корејскиот производител Hyundai најави амбициозен план за популаризација на водородот како моќен и одржлив извор на енергија за автомобилската индустрија во следните две децении. Компанијата проценува дека до 2030 година ќе постигне цена за производство на возилата со горивни ќелии која може да се спореди со батериските возила.

За време на онлајн презентацијата Hydrogen Wave, Hyundai исто така го претстави и концептниот автомобил Vision FK кој настана во соработка со компанијата Rimac Automobili.

Hyundai истакнува дека овој спортски автомобил со две врати се напојува со водороден погон со 690 КС. Поточно, станува збор за еден посложен систем кој комбинира конвертер за енергија од горивни ќелии со погон на задните тркала, plug-in систем, способен да помине над 600 километри со еден резервоар водород. При ослободување на целосниот потенцијал на машината, може да достигне спринт од нула до „стотка“ за помалку од четири секунди.

Новата технологија на Hyundai доаѓа во 2023

Тоа е се што корејската компанија откри за овој спортски автомобил, но покажа и некои други интересни концепти. Trailer Drone е футуристички транспортен систем со водороден погон кој може да работи целосно автономно. Поседува модуларен систем на резервоар за водород кој дозволува инсталирање само на потребен број резервоари прилагодени за секое поединечно патување. Едно полнење нуди домет од 1.000 километри, за кој Hyundai вели дека може да се спореди со постоечките системи за транспорт на контејнери.

Hyundai

Како дел од својата стратегија за горивни ќелии, Hyundаi сака да има достапни погонски агрегати на водороден погон или батерија за сите комерцијални модели до 2028 година. Исто така, Hyundai ќе развие и потполно ново комерцијално возило на горивни ќелии за глобалниот пазар, за кое се очекува дека ќе го произведува и продава до неколку стотина илјади примероци годишно.

Со цел да го постигне својот амбициозен план, Hyundai во 2023 година ќе претстави систем од новата генерација на горивни ќелии во варијанти од 100 kW и 200 kW. Ќе бидат до 50 проценти поевтини од актуелната FCEV технологија на Hyundai, а притоа 30 проценти покомпактни и двојно помоќни.

Поврзани вести

Back to top button