НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Hyundai N го претвора Tucson во ривал на Audi SQ5

Спортската поделба на корејскиот производител Hyundai работи на спортска верзија на Tucson. Таа ќе ја додаде буквата N кон името (како што се случи со моделот i30) и ќе се натпреварува со Cupra Ateca и Audi SQ5, пишува Auto Express.

Според информациите, идниот Tucson N ќе добие 3.3 литарски V6 мотор, чија моќност ќе изнесува околу 345 КС. Ова ќе му овозможи на кросоверот да забрзува од 0 до 100 km/h за околу 6 секунди. Автомобилот ќе биде опремен со спортска суспензија и подобрена аеродинамика.

Премиерата на Hyundai Tucson N ќе се одржи кон крајот на 2019 или почетокот на 2020 година, а се очекува Корејците да предложат и N-верзија на хечбекот i20. Целта е тој да може да си конкурира со Renault Clio RS, Volkswagen Polo GTI и Ford Fiesta ST. Моделот треба да развие околу 230 или 250 КС.

Веќе е познато дека Корејците работат и на хибриден супер автомобил. Тој ќе биде достапен под брендот Genesis и ќе се натпреварува со Ferrari и Porsche. Се предвидува дека ќе биде двосед купе, а ќе го движи бензински мотор и неколку електромотори, со што вкупната моќност ќе достигнува 800 КС.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close