fbpx

Hyundai со виртуелна кабина за иднината

Hyundai откри интересни детали од истражувањето што компанијата го спроведува во однос на идниот развој на автомоблскиот ентериер и можностите на кои би можеле да сметаме во некој од идните сериски модели на марката

„Континуирано работиме на нови технологии кои ќе ги направат нашите автомобил совршени, интуитивни и лесни за употреба од страна на корисниците“, коментира Реџина Кајзер, постар инженер во Hyundai Motor Europe Technical Center.

Од Hyundai велат дека врз основа на студии спроведени како врз своите сопствени конфигурации, така и на оние на конкуренцијата, од компанијата имаат воспоставено проблем со големиот број копчиња како на воланот, така и по цела централна табла. Од брендот поставија за цел да го намалат нивниот број и да создадат исчистена површина, а екранот осетлив на допир, да ги замени познатите прекинувачи и лизгачи.

Основен елемент во концептот на новиот ентериер е достигнат минатата година, кога од Hyundai интегрираа во воланот вибро-систем за фидбек на команда на возачот, а за целта користат постоечка база на воланот од моделот i30.

„Ние го одбравме i30 да покажеме дека иновацијата не е ограничена само на повисоките автомобили“, вели Кајзер. „Hyundai има намера да докаже дека иновацијата треба да биде достапна за поголема корисничка група“.

Поврзани вести

Back to top button