ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Hyundai воведува N верзија на i30 Fastback

Hyundai откри детали за учеството на овогодинешниот меѓународен саем во Париз каде главен акцент ќе биде светската премиера на новиот i30 Fastback N

i30 Fastback N, за кој брендот сé уште не ги споделува деталите, ќе стане втора специјално развиена спортска понуда на Hyundai за европскиот пазар. За новиот автомобил, компанијата коментираше дека ќе го комбинира софистицираниот и елегантен дизајн со познатите i30 N динамички и брзински параметри спакувани во стилска конструкција на купе.

Друга интересна новина, која ќе дебитира на штандот на Hyundai на салонот во Париз ќе биде новата линија N Option, развиен врз основа на веќе испробаните дизајн и технолошки решенија од i30 N. Hyundai, исто така, ќе го покаже и новиот Kona Electric и водородниот NEXO, а се очекува и футуристичкиот концепциски дизајн Le Fil Rouge.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close