fbpx

ID.3 има софтверски проблеми, но VW ќе продолжи да го произвeдува

Германските медиуми пренесуваат дека Volkswagen не се откажува од производство на својот нов електричен модел ID.3 и покрај сериозните софтверски проблеми

Медиумите не успеаја да откријат детали за какви „огромни“ проблеми станува збор, но тврдат дека Volkswagen ќе направи околу 10.000 единици од ID.3 и покрај тоа што се свесни за проблемите. VW споменатите возила ќе ги паркира во своите објекти до пролет кога ќе започне да ги распоредува тимовите со мобилни компјутерски станици кои мануелно ќе го поправаат секој поединечен автомобил.

Откако ќе ги поправи овие 10.000 возила, Volkswagen ќе продолжи со производство на ID.3. Кога, пак, ќе биде комплетирано производството на новите 10.000 возила, тие ќе добијат одредени софтверски промени преку одредени и едноставни „онлајн“ решенија.

Volkswagen го претстави својот ID.3 во септември во Франкфурт, а досега околу 35.000 луѓе уплатиле целосен депозит за резервација на првиот Volkswagen од новата генерација на електрични возила. Тие го резервираа првото издание на ID.3 под ознаката First Edition кое ќе има ограничено производство од 30.000 единици.

ID.3 доаѓа во три различни верзии на основа на големина на батериите од кои зависи силата и автономијата на автомобилот. Базичниот модел има батерија од 45 kWh која нуди автономија од 330 километри со едно полнење, средната верзија е 58 kWh со 420 километри автономија, а најголемата има 77 kWh и автономија од 550 километри.

Поврзани вести

Back to top button