fbpx

Иџе со нов автомобил во новата сезона – Ferrari 488 Challenge Evo

Игор Стефановски Иџе на специјален настан го претстави својот нов автомобил за новата сезона - Ferrari 488 Challenge Evo

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, на официјална промоција го претстави својот нов автомобил Ferrari 488 Challenge Evo.

Иџе изминатата сезона доминира во FIA шампионатот на ридски патеки, а за следната сезона македонскиот ас прави сериозен напредок претставувајќи го својот нов автомобил со кој очекувањата и амбициите се искачуваат на едно сосема повисоко ниво. Причина за тоа е и фактот што Ferrari 488 Challenge Evo, како ново возило на Стефановски, е специјален тркачки автомобил развиен во Маранело за најдобрите автомобилстички тркачки серии.

Под хаубата се наоѓа 3,9-литарски турбо V8 агрегат кој испорачува 670 КС и 760 Nm максимален вртежен момент. Според Ferrari, сето ова е доволно за забрзувањето од место до „стотка“ да се достигне за нешто под 3 секунди, пред да достигне максимална брзина од 340 километри на час.

Иџе на специјалниот настан се заблагодари на своите фанови и на своите спонзори, а се надеваме со своето ново моќно „оружје“, најдобриот македонски автомобилист ќе ни донесе уште многу радости и ќе продолжи да ја претставува нашата земја во најдобро можно светло во шампионатите на FIA.

Поврзани вести

Back to top button