Игор Стефановски – Иџе со Hyundai на TCR Италија

Најдобриот македонски автомобилист ги претстави своите планови за престојната тркачка сезона, а воедно и ни го претстави автомобилот со кој тој ќе настапува

Како што сите знаеме, Игор Стефановски-Иџе е еден од најуспешните и најтрофејните автомобилисти во земјава, како и двоен европски првак на ридски патеки, чии бројни трки и награди се потврда за неговиот одличен успех.

На вчерашната прес конференција одржана во Кореа Ауто Трејд, тој ги објави своите планови за престојната тркачка сезона и го потврди учеството на TRC кружниот шампионат во Италија, каде на својот настап изминатиот викенд тој се најде на четвртата позиција. Што се однесува на домашното гостување, Иџе изјави дека ќе се појави на речиси сите трки во Македонија, каде како учесник позади управувачот ќе се најде на барем една.

Иџе

„Сигурно дека ќе бидам на трките во Македонија. Нормално, ќе бидам како промотор и ќе возам пред трките бидејќи сепак овој автомобил е премногу скап“, изјави Иџе. Тој додаде дека доколку е во можност, има желба да настапува и на трката на Ушче во Белград, каде ќе бидат дел и некои од неговите TCR ривали.

Дополнително, Иџе изјави дека за прв пат оваа година, како дел од тимот на Стефановски ќе бидат и други возачи кои ќе се натпреваруват на домашното првенство, со што се потврдува сериозноста на тимот.

Во зависност од карактерот на трките, Иџе тековната сезона ќе ја помине позади управувачот на Hyundai i30 N TCR, како и веќе познатиот Seat Cupra SEQ. Му посакуваме среќа на Иџе.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close