fbpx

Импактот на коронавирусот во автомобилскиот „афтермаркет“

Automechanika лансираше нова Let's Talk Business серија на разговори која ги здружува клучните меѓународни играчи од автомобилскиот „афтермаркет“

Првиот разговор од серијата Let’s Talk Business на Automechanika заврши успешно како дигитален настан, а првата тема беше коронавирусот и влијанието кое го има врз автомобилскиот „афтермаркет“ и предизвиците со кои се соочува синџирот на доставување. Дел од разговорот беа клучните меѓународни „играчи“, асоцијации и поддржувачи од оваа индустрија. Дел од разгвоорот беа Манфред Баден, претседател на Automotive Aftermarket Robert Bosch, Ролф Судман, извршен потпретседател на ContiTech, Жан Франсоа Буверон, потпретседател на EMEA Delphi Tecnologies Aftermarket, Михаел Зодинг, извршен директор на Automotive Aftermarket Schaeffler и Хелмут Енрст, потпретседател на Aftermarket ZF.

Како што можеше да се заклучи од разговорите, никој од автомобилската индустрија, ниту пак добавувачите не беа подготвени за пандемијата на коронавирусот.

„Се соочуваме со криза која се случува еднаш во животот и сме на еден вид ролеркостер веќе неколку месеци“, изјави Жан Франсоа Буверон, додавајќи: „Бизнисот се намали значително во март, но се рекуперираше многу во текот на летото. За мене, ова прикажа еден вид отпор на автомобилскиот афтермаркет и ни покажа дека може да се соочи многу подобро со оваа криза од некои други пазари, на пример“.

Ролф Судман, извршниот потпретседател на ContiTech истакна дека „Како производители на многу делови, ние успеавме да ги снабдиме синџирите со висока меѓународна комплексност. Да бидам искрен, овој систем не беше многу отпорен за време на пролетта кога сите се соочувавме со корона кризата за прв пат“.

Работите почнуваат со опоравување

Во некои случаеви, производството беше принудено да запре, а компаниите се соочија со предизвикот да се соочуваат со голем број на нарачки. По првиот квартал, сепак, снабдувачката индустрија започна со бавно опоравување, а компаниите научија многу од целата ситуација која резултираше од пандемијата и глобалните карантини.

„Го искористивме времето за да го унапредиме менаџментот на синџирот на снабдевање и целиот процес. Освен тоа, ние ја зајакнавме нашата соработка со голем број наши меѓународни партнери, особено во полињата на дигитализацијата. Токму затоа сум голем оптимист за иднината“.

Снабдувачките ланци на Bosch беа релативно стабилни, а компанијата има бенефит од сето тоа во актуелната ситуација. „Покрај оваа тешка ситуација, ние во Bosch успеавме да ги одржиме нашите синџири на снабдување во текот на целиот период, што ни даде одлична база за сето тоа што се случи изминатите месеци. Денес, ние можеме да кажеме дека побарувачката е подобрена во речиси сите полиња на афтермаркетот“, изјави Манфред Баден, претседател на Bosch Aftermarket.

Доколку сакате да го погледнете целиот разговор, тој е достапен на официјалниот сајт на Automechanika или на овој ЛИНК.

Поврзани вести

Back to top button