Infiniti ja интегрира Formula 1 во Project Black S

Infiniti најави дека за време на меѓународниот саем во Париз ќе го претстави развојот Project Black S во кој компанијата ќе интегрира технологија за хибриден погон од болидите од Formula 1

Погонскиот систем на Infiniti Project Black S се комбинира со 3.0 литарски, V облик, шестцилиндричен турбоагрегат со систем за обновување на енергијата (ERS) за постигнување на поголема моќност и вртежен момент. Вкупната максимална моќност на хибридниот погонски систем е 563 коњски сили, додека кај стандардна изведба максималната моќ е 400 коњски сили.

Крајниот резултат од интеграцијата на иновативниот систем во Project Black S кој е развиен врз Q60 S заеднички од Infiniti и Renault Sport Formula One Team, во можност е да се забрза од 0 до 100 km/h за помалку од 4 секунди.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close