Infiniti работи на нова генерација на инфотеинмент систем

Infiniti подготвува нова генерација инфо состав кој ќе се врадува во следните генерации на модели на компанијата

Финалниот производ ќе биде готов во 2021 година. Според прелиминарните податоци, Јапонците ќе воведат поголем централен дисплеј кој ќе го замени сегашниот распоред на двата екрани.

Новиот распоред ќе биде само визуелно поделен, а управувањето со климата ќе остане во долната половина, како и досега. Infiniti објаснува дека промените во системот ќе бидат доста сериозни. Ова најверојатно значи дека ќе видиме нова платформа за навигација и дополнителни апликации. Што се однесува до сегашниот систем, уште од следната година таа ќе добие конекција со Android Auto и Apple CarPlay, како и интернет конекција. Новиот инфотеинмент систем ќе се појави прво кај следните генерации на Q50, Q60 и Q70, кои ќе добијат исто така и нова сеопфатна платформа, која ќе овозможува поголема електрификација.

1 | инфотеинмент
2 | инфотеинмент

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Back to top button
    Close