Пристигнува најголемото Infiniti
Infiniti понуди неколку фотографии кои во голема мера го откриваат дизајнот на нивниот нов предводник
![Infiniti](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/10/Infiniti-1600-1-780x405.jpg)
Станува збор за новата генерација на SUV QX80. Дебито на моделот ќе биде следниот месец во Дубаи.
Фотографиите покажуваат дека дизајнот на новиот QX80 е изграден во стилот на монографскиот прототип, кој беше прикажан во април оваа година. Внатрешноста е опремена со ексклузивен кожен салон, а автомобилот е тркала од 22 инчи. Инаку, визијата на QX80 е развиена во дизајнерското студио Infiniti во Јапонија. Дизајнот ја демонстрира желбата на компанијата за лансирање на футуристички луксузен SUV и идната еволуција на самиот QX80.
Сериското производство на новиот модел ќе започне до крајот на оваа година, бидејки новата генерација ќе се направи на постоечката платформа. Истото ќе биде и со моторот, V8 кој има работен волумен од 5,6 литри. Пред еден месец, заменик-претседателот на Infiniti, Франсоа Банкон, рече дека новиот QX80 ќе има и мотор V6. Тоа би требало да биде единица што се користи во Q50 седан и во Q60. Во зависност од верзијата има 300 или 405 „коњи“.