fbpx

Infiniti со специјална едиција слави 30 години

Оваа година се одбележува 30-годишнината на Infiniti, а за оваа цел луксузниот производител на автомобили воведува ревија на специјални модели

Infiniti ја нарече својата нова специјална линија Edition 30, која ќе биде достапна на моделите Q50, Q60, QX50, QX60 и QX80. Сите пет од возилата на Edition 30 ќе доаѓаат како стандард со електронскиот пакет за помош на возачот, кој вклучува адаптивен темпомат, асистент за контрола на далечина, предупредување за фронтален судир и асистен за спречување на судир при враќање во рикверц.

Како стилски додатоци кои ќе ја издвојуваат оваа едиција од останатите верзии на моделите, достапни се темни хромирани надворешни акценти, црни странични ретровизори, фелни со темни завршетоци и надворешни додатоци во боја на каросерија.

„Infiniti е роден за да ги редефинира правилата во луксузниот простор и ние продолжуваме да испорачуваме ниво на луксуз, кое треба треба да живее и да се доживее во потполност. Моделите Infiniti Edition 30 се најновата претстава на оваа визија, обединувајќи инспиративен дизајн и современа технологија за помош на возачот“, изјави Џеф Поуп, потпретседател на групацијата.

Поврзани вести

Back to top button