fbpx

Интересна понуда од соработката меѓу OPPO и Lamborghini

Automobili Lamborghini и кинескиот гигант OPPO го објавија своето глобално партнерство за време на специјален настан во Париз, на кој беше демонстриран и првиот заеднички продукт специјалната серија на уникатниот предлог во светот на мобилните телефони OPPO Find X

Првиот телефон од соработката на Lamborghini и OPPO се нарекува OPPO Find X Automobili Lamborghini Special Edition и се разликува од сериската верзија преку тематски дополнувања на задниот панел со врежани логоа на легендарната автомобилска марка и варијација од бои на кабело за полнење.

Она што го разликува OPPO Find X, која вклучува специјална нова серија, од било кој друг мобилен телефон во светот е фактот дека тој располага со полноразмерен екран, без да му е нарушен дизајнот од присуството на модули за предна камера и останатите стандардни сензори. На задниот дел на уредот, исто така, нема, барем на прв поглед, основен модул на камерата и блиц.

За да се постигнат овие структурни промени, инженерите и дизајнерите на OPPO создале посебен механизиран модул во горниот дел на мобилниот уред кој се крева секој пат кога се активира апликацијата за камерата на телефонот. Во него се интегрираат индивидуалните елементи на предната и главната камера.

https://www.youtube.com/watch?v=H2PdlFZ8xq0

https://www.youtube.com/watch?v=fk0OdmS45VE

Поврзани вести

Back to top button