fbpx

Isuzu Euro-Tour 2021 во Македонија

Аутомакедонија, како официјален застапник на брендот Isuzu во нашата земја, на официјален настан ги претстави и новите автобуси на производителот

Целиот настан кој се одржа е во рамките на меѓународната турнеја Isuzu Euro-Tour 2021, а Аутомакедонија во соработка со Anadolu Isuzu одлучи да ги претстави пред нашата јавност најпознатите и најпопуларни модели на туристички и меѓуградски автобуси на големиот турски производител.

Промоцијата се одржа во хотелот Double Tree by Hilton во присуство на претставници од Anadolu Isuzu од Турција, компании од бизнис заедницата во Македонија, како и официјални претставници на институциите.

На овој настан имавме можност да се запознаеме со моделите Grand Toro, Novo Ultra и најновиот меѓуградски автобус Kendo/Interliner, кој беше лансиран на европскиот пазар во септември минатата година.

Grand Toro e 8.5 метарски туристички автобус кој се издвојува од останатите конкуренти во миди сегментот по својата исклучителна внатрешност и простор за патниците и возачот, голем багажен простор и ниската потрошувачка. Наменет е за туристички патувања на средни и долги релации, а се користи и за транспорт на вработени или како училишен автобус.

Isuzu

Novo Ultra е веќе добро познат претставник во миди сегментот. Обезбедува место и багажен простор за 29 патници, а новиот Euro 6 Isuzu мотор испорачува 190 КС при 2.600 вртежи во минута. Овој модел на европскиот пазар се нуди во 2 верзии – Standard и Ultra. Новиот 13 метарски Isuzu Kendo/Interliner е меѓуградски автобус кој беше лансиран во Европа во септември 2020 година, но веќе е добро познат на македонскиот пазар, бидејќи шест вакви модели веќе има во нашата земја

Isuzu

Покрај достапноста на CNG и bioCNG моторите, Isuzu Kendo/Interliner исто така нуди и широк ранг на интелигентни безбедносни технологии развиени од страна на развојниот центар во Anadolu Isuzu.

Турнејата на Isuzu продолжува низ останатите земји во Европа, а планирана е да трае до јуни оваа година.

Поврзани вести

Back to top button