fbpx

Италијанскиот бренд DR пристигна во Македонија

Цилаз станува овластен застапник за италијанскиот бренд DR на македонскиот пазар

zlatno trkalo finalist
Компанијата Цилаз, која долги години постои на македонскиот пазар, е нов застапник на автомобили од италијанската компанија DR Automobiles Groupe. Брендот DR е спој од компанијата City of Auto и DR Sportequipe која е позната по изработка на спортски автомобили.

DR Automobiles e италијанска автомобилска компанија основана во 2006. година од страна на Масимо Ди Рисио. Компанијата произведува автомобили додавајќи дизајн и италијански стандарди на компонентите кои се снабдени од странски компании, пред сè Cherry Automobile. DR Automobiles e базирана во провинцијата Изернија во Италија, а сега за првпат ќе биде позиционирана и на македонскиот пазар.

Понудената гама на возила се состои од моделите DR3, DR4 и DR6. Моделот DR3 е субкомпактен кросовер со 1,5-литарски мотор чија максималната моќ на моторот изнесува 78 kW кои произведуваат 106 КС со максимален вртежен момент од 135 Nm. Цената на DR3 изнесува 15.000 евра.

DR4 e компактен SUV кој се одликува со пространа кабина и е еден од најголемите во својат класа. Под хаубата има бензински мотор од 1,6-литарски бензински мотор со 115 КС. Цената на овој модел изнесува 16.000 евра.

DR

Последниот модел кој ја пополнува гамата е DR6 кој претставува врв на оваа линија. DR6 е опремен со 1,5-литарски бензински турбо мотор со моќност од 150 КС и максимален вртежен момент од 205 Nm при 4.000 вртежи во минута. Цената на DR6 изнесува 20.000 евра.

Сите три модели се со погон на предни тркала и во понудата доаѓаат со целосна опрема. Исто така, како опција за сите три модели се нуди можност за вградување на плински уред за дополнителни 1.000 евра, односно плус 2.000 евра за вградување на метан од цената на понудените модели.

За повеќе информации може да се обратите во салонот на Цилаз или на тел. број 02 244-2451.

Поврзани вести

Back to top button