fbpx

„iV“ е новиот електричен бренд на Škoda

Најчесто производителите на автомобили ги обележуваат нивните електрични возила со посебно име или наставка, а некои дури и ги претставуваат со нов бренд

Škoda своите електромодели ќе ги именува со додатокот „iV“. Стариот чешки бренд, сега како подружница на VW, во словачката престолнина Братислава, претстави нова подмарка за електрични автомобили, со покажаување на новите варијанти на Citigoᵉ iV и Superb iV – првите два електрични сериски модели во историјата на компанија.

Во прилог на градењето на сопствено електрифицирано семејство, производите со „iV“ вклучуваат и подготовка на мрежен екосистем, со цел да се направи електричната мобилност што е можно полесна и корисна за клиентите.

Škoda

Целосно електричниот Citigoᵉ iV и новиот Superb iV со plug-in хибриден погон се првите модели на производителот, кои влегуваат во ерата на мобилноста. Покрај тоа, новиот Superb Scout за првпат го проширува успешното семејство Superb што дебитираше во Братислава.

Поврзани вести

Back to top button