ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Интернационален ван на годината за 2018 е Iveco Daily Blue Power

Со најмногу гласови од страна на специјализираното жири, новиот модел на Iveco Daily е прогласен за Van of the Year 2018

Програмата на Iveco Daily Blue Power ја сочинуваат три возила, поточно исто е сè, но е различен погонот: Daily Electric, Daily Hi-Matic Natural Power и Daily Euro 6 RDE 2020 Ready. Daily Electric je 100% електрично возило со нулта емисија на гасови, наменето за градска дистрибуција, со автономија од 200 km во реални урбани услови на сообраќај и батерии оптимизирани за тешки временски услови. За брзо полнење се потребни околу 2 часа, а достапен е Eco-Power режим на управување, со кој голем дел од кинетичката енергија се користи за дополнување на батериите.

Iveco Daily

Daily Hi-Matic Natural Power е првото лесно комерцијално возило кое користи природен гас како гориво, а за пренос на силата тука е Hi-Matic 8-степениот автоматски менувач. Под хаубата е агрегатот 3.0 F1C со моќ од 136 КС, со 350 Nm втрежен момент, кој согласно Euro 6 нормите произведува 76% помалку РМ честички и 12% помалку NOx. Со користење на био-метан како гориво активната емисија на СО2 е помала за 95%. Daily Euro 6 RDE 2020 Ready е дизел надграден на стандардите 2020 Real Driving Emissions (RDE). Овие решенија се независно верифицирани од страна на холандската организација за примена на науката- Netherlands Organisation for Applied Scientific Research (TNO).

Iveco Daily – Во годината кога Daily слави 40 години од своето постоење по трет пат во својата историја ја освојува титулата Ван на Годината. Освен признатиот и успешен производ, радува фактот што жирито ги препознава огромните напори на Ivecо одлучно да даде свој придонес во заштита на околината. Нашите модели се единствени на пазарот кои ги задоволуваат и највисоките стандарди и норми. Ова ги донесува во предност нашите клиенти што ја гарантира нивната инвестиција за иднина, истакна Пјер Лахут, претседател на Iveco.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close