Избрани финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Европското жири составено од 31 член на Autobest ги избра финалистите за наградата Best Buy Car of Europe за 2021 година меѓу кои се најдоа 7 автомобили

Седум автомобили ќе се натпреваруваат за наградата Autobest Best Buy Car of Europe за 2021 година, откако жирито составено од 31 член од 31 европска ги избра финалистите. Честа да се борат за оваа награда ја добија Citroen C4, Dacia Sandero, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Škoda Octavia и Toyota Yaris.

Иако во време на пандемија, жирито на Autobest успеа во своите напори и намери да го одржи традиционалниот настан и оваа година, давајќи и поддршка на автомобилската индустрија која мина низ тежок период. Инаку, бројката од седум финалисти сама по себе е рекорд кога станува збор за оваа награда, што пак е одлична вест за самата индустрија.

Во секој случај, европското жири ќе се состане во Теесдорф, Австрија каде што ќе се одржи финалниот тест на седумте финалисти. Жирито составено од 31 европска земја, со што е најголемото независно жири на светот, ќе посвети осум награди во неколку категории како Manbest, Companybest, Ecobest, Designbest, Tehnobest, Safetybest, Smartbest и Sportbest, а во следните неколку недели ќе бидат познати и добитниците на наградите.

Целата церемонија ќе се одржи следната година, а годинешното издание се одржа во Мајнц, Германија на 13 февруари. Гласањето ќе биде транспарентно со комплексна матрица од 13 критериуми со кои подоцна се одлучува победникот и добитникот на главната награда.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close