fbpx

Избрани најдобрите автомобили во Северна Америка за 2022

Жирито на NACTOY ги објави конечните резултати од годинешното издание за избор на северноамерикански автомобил на годината

И покрај тоа што електричните автомобили беа застапени во сите три категории на Северноамерикански автомобил, камионет и корисно/комерцијално возило (Utility Vehicle, возила со зголемен клиренс) на годината, наградите сепак заминаа кај оние кои користат мотор на внатрешно согорување. Така, Honda Civic, Ford Maverick и Ford Bronco ги однесоа наградите во своите категории и се прогласени за најдобри во Северна Америка.

Почетната листа на номинирани кандидати вклучуваше 36 модели, од кои 23 се пробија во втората фаза од натпреварувањето, додека до финалето стигнаа девет возила, односно по три во секоја категорија. Жирито сочинето од 50 автомобилски новинари од САД и Канада ги бираа победниците, а особено интересно е дека во ова натпреварување нема апсолутно ниту еден електричен автомобил меѓу победниците, иако конкурираа во финалето.

Honda Civic беше еден од трите финалисти во категоријата Автомобил на годината на NACTOY, победувајќи ги осмата генерација на Golf GTI/GTR, како и електричниот Lucid Air. Civic освои 241 поен од страна на жирито, оставајќи го зад себе Air со 170, односно Golf 8 со 89 поени.

Ford Maverick успеа да слави во конкуренција на Hyundai Santa Cruz и Rivian R1T и си ја понесе наградата за камионет на годината во Северна Америка. Со победата над својот директен конкурент, како и новиот електричен камионет, нема дилеми дека во Ford ќе имаат многу причини за задоволство, особено поради фактот што победи убедливо со 277 поени, пред Rivian со 126, односно Santa Cruz со 97 поени.

На крајот, Ford Bronco ги победи Genesis GV80 и целосно електричниот Hyundai Ioniq 5 со што ја понесе наградата за SUV на годината. Bronco собра 234 поени од жирито. Второпласиран беше Ioniq 5 со 153 поени, а на третото место заврши Genesis GV70 со 113 поени.

Северна Америка

Поврзани вести

Back to top button