fbpx

Jaguar I-Pace е Автомобилот на годината во Европа за 2019 година

При традиционалниот избор на отварањето на саемот во Женева, новиот I-Pace на Jaguar се заќити со титула на Автомобил на годината во Европа за оваа година

Финалната листа на овој натпревар беше составена од Alpine A110, Citroen C5 Aircross, Ford Focus, Jaguar I-PACE, Kia Ceed, Mercedes A-Class и Peugeot 508. Електричниот кросовер на британскиот производител, всушност доби еднаков број на поени со францускиот Alpine A110, при што секој од нив имаше по 250 поени. Сепак, победата му припадна на Jaguar поради тоа што нивниот модел кај повеќето гласачи се најде на позиција над A110. Така, второто место му припадна на Alpine, со 247 поени Kia Ceed се најде на третото место, додека пак четвртата позиција со 235 поени ја доби Ford со новиот Focus.

I-Pace

„Нашето прво електрично возило, а истовремено и првиот Jaguar кој ја освоил наградата за Автомобил на годината во Европа, ни претставува огромна гордост“, изјави Ралф Шет, извршниот директор на Jaguar. Овој трофеј можеби нема да биде единствен за I-Pace, бидејќи тој е исто така меѓу финалистите на изборот на Светски автомобил на годината.

I-Pace

Електричниот кросовер е погонуван од два електрилни мотори, по еден на секој оска, со вкупна моќност од 394 коњски сили и вртежен момент од 694 Nm, благодарение на кои тој од 0 до 100 забрзува за 4,6 секудни. Батерискиот капацитет му изнесува 90 kWh, кој обезбедува возен опсег од 377 километри со едно полнење.

Поврзани вести

Back to top button