fbpx

Jaguar I-Pace станува официјален такси модел во Минхен

Електричниот кросовер на Jaguar, моделот I-Pace, доби тешка задача да се избори за дел од колачот во овој бизнис во германската метропола со иконата на германските такси услуги E-класа на Mercedes

Седанот и караванот од Е-класата се најпопуларниот избор на такси компаниите во последниве децении, па и во Минхен. Но, сепак, работите се менуваат, па и некои традиции. Британската компанија Jaguar ги достави минатата недела првите 10 свои електрични изведби на најголемата такси компанија во Минхен, а секој еден од овие I-Pace чини 62 925 фунти, што е прилично над цената на популарните примероци од Е-класата.

Во моментов околу 60% од германските такси се од брендот Mercedes, а главен избор е точно Е-класа, која е речиси два пати поевтина од I-Pace.

Досегот на електричните на Jaguar, кои се сообраќаат во Минхен е 480 километри со едно полнење и се дел од кампањата на локалната општина да се бори со загадувањето на воздухот. Покрај тоа, патувањето со електричните кросовери е поевтино, бидејќи општината субвенционира такси услуги со 20 евроценти на километар. Минхен е меѓу германските градови со најзагаден воздух, главно поради дизел автомобилите, покажа последното истражување на квалитетот на воздухот во метрополата.

Поврзани вести

Back to top button