fbpx

Jaguar ја одложи премиерата на електричниот XJ

Дебито на идниот електричен знаменосец на Jaguar, електричната верзија на моделот XJ, е одложено за крајот на идната година

Пред неколку недели се појави извештај дека Jaguar Land Rover би можел да најави план за реструктуирање на портфолиото на модели. Ретко кој сметаше дека новиот Jaguar XJ ќе биде зафатен од сето тоа, бидејќи електричниот седан веќе беше во подготовка, но по се изгледа новиот знаменосец на британскиот бренд се соочува со мали проблеми.

Британски Sunday Times пренесува дека електричниот Jaguar XJ ќе биде прикажан дури во последниот квартал од идната година, што драстично ги менува плановите на Jaguar. Имено, според првичните планови, наведениот електричен модел требаше да биде прикажан кон крајот на оваа година, а кон почетокот на 2021 веќе да пристигне во продажба.

Jaguar XJ

Со оглед на тоа дека Jaguar Land Rover беше во фаза на реструктуирање уште пред да удри здравствената криза, а лошите продажни резултати кои ја погодија целата автомобилска индустрија сериозно влијаат кај сите автомобилски производители, очигледно во британската компанија решија да ги намалат трошоците кои не се поврзани со производство и продажба на возила, поради што сите премиери кои не се од круцијално значење ќе бидат одложеи. Во кратката изјава на официјалните лица од Jaguar се истакнува дека брендот и понатаму е посветен на развојот на електричниот XJ, како и дека долгорочните планови во врска со изгледот на гамата ан возилата на оваа марка остануваат непроменети.

„Jaguar XJ е нашата перјаница веќе 50 години. Нашите инженери продолжуваат да работат на следната генерација на целосно електричниот XJ. Остануваме посветени на нашата долгорочна стратегија и нашето производствено портфолио останува исто, но ситуацијата ќе има неизбежен импакт врз нашите планови“, велат од Jaguar Land Rover.

Островските медиуми наведуваат и дека челниците на Jaguar Land Rover се поддржани и од останатите британски производители и со заеднички сили сакаат да направат притисок врз тамошната влада за обезбедување на субвенции за купување на нови автомобили.

Поврзани вести

Back to top button