ЗАБАВАНАСЛОВНА

Jaguar Land Rover на нова мисија со Џејмс Бонд

Jaguar Land Rover влегува во нова мисија со Џејмс Бонд- тригодишно партнерство во рамките на современиот интерактивен проект 007 ELEMENTS во Золден, во Австрија

Возилата од иконските британски брендови, чии автомобили учествувале во филмовите за Бонд од 1983 година, па до сега, стануваат официјален партнер на „инсталацијата 007 ELEMENTS“ поставена на високиот 3.050 метри врв- Гајслахкогл. Арт „инсталацијата 007 Elements“ ќе им нуди на посетителите можност да се најдат во светот на тајниот агент, со посет на место на врвот на планината – ледениот ресторан Q, употребен како Клиника Хофлер во филмот „Spectre”.

Интерактивни дисплеи, кои претставуваат техничка содржина на Jaguar Land Rover заедно со Land Rover Defender и Range Rover Sport SVR употребени при снимањето на филмот „Spectre”, ќе формираат дел од доживувањето. Арт „инсталацијата 007 Elements“ ќе бидат отворена од 12 јули 2018 година.

Автомобилите на Jaguar Land Rover се појавувале во девет од филмовите за Бонд од „Octopussy” во 1983 година, кога Роџер Мур прави драматично бегство со Range Rover Classic, управуван од Бјанка (Тина Хадсон). Марк Камерон, директор на маркетинг во Jaguar Land Rover, изјави: „Како една британска икона кон друга, Jaguar Land Rover е горд да биде дел од 007 Elements – новото искуство поврзано со Џејмс Бонд. Влеговме во соработка со EON Productions и Cable Car Companies Sölden, за да им ги покажеме нашите автомобили на Бонд и најновата технологија во оваа уникатна инсталација со поглед на Алпите.”

Jaguar Land Rover

Клучни зборови

Поврзани вести

Close